Škoda Octavia Combi – 25 годишен јубилеј

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Омилениот караван

Својот 25-ти роденден Octavia Combi го слави како најпопуларен модел во класата

Во време кога караваните изумираат, најпопуларниот меѓу нив слави четврт век постоење. Škoda Octavia во оваа изведба беше претставена две години после лимузинската и во многу што ги надмина мерилата на компактната класа каде припаѓа.

Огромниот багажник, раскошниот ентериер и неспоредливата практичност придонесоа за успехот караванската верзија во вкупната продажба на моделот да учествува со повеќе од триесет отсто, а во некои години и преку четириесет.

Со текот на годините популарноста се зголемуваше и сега во својата четврта генерација Octavia се нуди со низа погонски верзии кои вклучуваат и плаг-ин хибрид. Традиционалните вредности како што се одличниот сооднос на цената и можностите ја задржаа на врвот на листата најбарани семејни автомобили, за што сведочи и бројката од вкупно продадени 2,8 милиони за 25-те години постоење.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER