Škoda – Kushaq

Новитети

Во ритамот на Боливуд

Преку Škoda започнува пробивот на VW во Индија

објавено 19. март 2021

Škoda го претстави Kushaq во Индија. Теренецот долг 4,22 метри е првото производствено возило дел од проектот „Индија 2.0“, во кој Чесите го презедоа водството на офанзивата на групата VW на потконтинентот. Kushaq се базира на верзијата на модуларната попречна матрица (MQB-A0-IN) специјално адаптирана од Škoda за индискиот пазар.

Првите возила треба да бидат испорачани во јули. Четири други модели на Škoda и VW треба да следат на индиската платформа за возила. Škoda Kushaq е висок 1,61 метар и нуди едно од најдолгите меѓуоскини растојанија во сегментот од 265 сантиметри. Растојанието од земјата е нешто помалку од 19 сантиметри, багажникот има капацитет од 385 литри. Основниот мотор е еднолитарски со 115 КС кого опционално може да се спари со шест степен автоматик. Посилната изведба ја движи 1.5 TSI со 150 КС за кого може да се нарача со седумстепен менувач со директно менување, наместо стандардниот шестстепен.