Škoda – Исклучителен јубилеј

Вести Занимливости

Enyaq iV e број 15.000.000

Во матичната фабрика во Млада Болеслав произведени се 15 милиони возила

објавено 08. март.2021

Прикаската започна во 1905 година кога пионерите за мобилност Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент го извадија својот прв автомобил Voiturette А од фабриката во Млада Болеслав. Тоа се смета за официјалниот почеток на производството на возилата со знакот на ”распнатата стрела“. Респектабилни 15 милиони возила се направени до денеска, а дека марката се наоѓа на нова пресвртница потврдува јубилејното возило. Тоа е потполно електричниот Enyaq iV со каросерија офарбана во Арктичко сина металик боја. Тоа го олицетворува идниот пат на Škoda која континуирано го дигитализира производството и доследно ја спроведува стратегијата за електромобилност. Во исто време, се користат синергиите во рамките на Групацијата за да се изградат најсовремени возила. Производството на автомобили во Млада Болеслав датира од компанијата Laurin & Klement, која подоцна стана Škoda. Во 1905 година, основачите Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент одлучија да престанат да градат велосипеди и да се фокусираат целосно на производство на мотори и автомобили. Историските фабрички сали во кои се произведе првиот автомобил на компанијата, се уште стојат и во нив е сместен музејот на Škoda.