Škoda Fabia – Македонска премиера

Во Порше Македонија пристигна Fabia

Четвртата генерација покрај популарноста го зголеми просторот во кабината. Поставена на модуларната платформа на групацијата таа сега е рамноправна со VW Polo.

Дваесет и две години по првото деби на Škoda Fabia, импортерот за чешкиот бренд, Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Поголемите габарити кои Fabia ги доби со MQB A0 платформата на дизајнерите им овозможи креирање на пофлуидна каросерија, чиј коефициент на отпор на воздухот е намален од 0,32 на 0,28. Надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата Fabia е значително подолга од претходната. „Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн. – со други зборови, се што ви треба, и малку повеќе“. – изјави бренд менаџерот на ŠKODA г-дин Миле Станчев. Во Македонија ќе бидат достапни три нивоа на опременост. Active, Ambition и Style во комбинација со два бензински мотори со 48 kW (65 КС) и 59 kW (80 КС). Своето две децениско искуство во сегментот на мали автомобили е оправдано со вкупно 4,5 милиони произведени примероци. Со други зборови, Fabia е втор најпродаван модел на Škoda Octavia. Новата Škoda Fabia е достапна во сите овластени продажно-сервисни центри на ŠKODA во Македонија, со почетна цена од 14.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER