Škoda Epiq – Градски електричен кросовер

Škoda ни овозможи прв поглед на новиот градски кросовер кој ќе се вика Epiq.

Претставувањето на Epiq се очекува идната година, а цената околу 25.000 евра.

Пократок од Kamiq за 15 сантиметри ќе лансира моќен и автентичен дизајн, кој сигурно ќе се пренесе и на останатите нови модели на чешкиот производител.

Деталите за него засега се ограничени – се споменуваат автономија од 400 километри, погон на предните тркала, нови технолошки решенија прилагодени на корисникот и висока функционалност.

Ентериерот како што е сега на мода ќе биде минималистички и во него ќе доминираат издржливи материјали.

Epiq како пресвртница во историјата на Škoda ќе се произведува во Шпанија, заедно со останатите електрични модели на групата од оваа ценовна класа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER