Škoda – Enyaq iV 80x

Вести

Растегнување на гамата

За да се зголеми понудата на првиот Чешки „електричар“ додаден е погон на сите тркала

објавено 02. јули 2021

Во пописот на изведби на првиот електричен модел на Škoda се дополнува погонот на двете оски и два мотори кои во тандем развиваат 265 КС и 425 Nm. Во основа тоа се крие зад ознаката 80х ставена зад името.

Eynaq iV 80x има максимален дострел од скоро 500 километри. Забрзува од 0 до 100 км на час за 6,9 секунди. Максималната брзина е ограничена на 160 км на час. Во зависност од верзијата цената започнува од 47.000 евра.