Škoda Enyaq iV – повеќе од електрично возило

Вести Видео

Двоен Ас!

Првенецот во електрификацијата ќе биде и првиот носител на новиот дизајн во ентериерот на Škoda.

објавено на 31.08.2020

Со објавување на првите скици на внатрешноста на Enyaq iV, Škoda покажува еден сосема нов пристап во конципирањето на внатрешниот простор. Еволуцијата која се случува со забрзани чекори во Млада Болеслав покажува еден пуритански, но сосема модерен пристап во исполнувањето на просторот. Како главни одредби се пренесувањето на формите од надворешноста и украсните елементи како што се лајсните кои ќе се протегаат од централната конзола па се преку вратите.

Иако не се обелоденуваат сите детали кои се чуваат за премиерата закажана за 01. Септември извесно е дека споменатите лајсни многу лесно може да бидат и амбиентално осветлување. Дигитализацијата е забележлива во сите позиции, особено на кластерот со инструменти, манипулаторите за вентилација и задолжителниот дисплеј осетлив на допир. Во продолжение ви нудиме кратко видео каде Норберт Вебер, одговорниот за внатрешен дизајн, опрема, материјали и бои дава појаснувања за новиот пристап во обликување и опремување на интериерот.

Видео