Škoda – Enyaq Coupe

Вести насловна

Наскоро премиера

Нe делат помалку од три недели од претставувањето на купе верзијата на Enyaq iV

Настанот треба да се одржи на 31 јануари во чешкиот главен град. Локацијата има совршена смисла, гледано како ова е уште една голема пресвртница за чешкиот производител на автомобили. Дотогаш, Škoda одлучи да ги подгрее страстите со скица. Очигледно е дека во Coupe форма, Enyaq изгледа подинамично и поемотивно. Исто така е поаеродинамичен од обичниот Enyaq, благодарение на наведната линија на покривот. Enyaq, без разлика на стилот на каросеријата, се базира на модулартната платформа на VW Group за електрични возила, која ја дели со моделите како VW ID.4 и ID.6, како и Audi Q4 e-tron и Q5 e-tron. Штом ќе се појави во продажните салони, Škoda Enyaq Coupe ќе биде директен ривал за моделите како Tesla Model Y, Ford Mustang Mach-E, па дури и малку помалиот Volvo C40 Recharge.