Уникатен дизајн за заштита на човековите права и негување почит кон сите луѓе и околината.
Со цел да промовира правичен третман на сите, без разлика на етничка припадност, националност, возраст, пол, религија, сексуална ориентација, родов идентитет или други карактеристики, Škoda направи уникатна креација. Enyaq Coupé Respectline е создаден заеднички од вработените во компанија кои беа вклучени во дизајнирањето на автомобилот.
Како основа послужи белата боја го симболизирајќи го единството на целиот живот на земјата. Таа е обложена со разнобојни елементи за да се создаде транзиција на бои во безброј нијанси, шарена и безгранична како и самиот живот. Нијанси на виножито се исто така прикажани во задните светла и хоризонталната линија на маската се осветлени со 131 бела и разнобојна LED диода. Škoda Enyaq Coupé Respectline ќе дебитира на концертот на Чешката филхармонија на отворено на 21 јуни 2023 година.



