Škoda Afriq – Имагинативен концепт

насловна Поглед во иднината

Осмиот патник!

Потпирањето на младите сили носи просперитет

Пред вас се првите цртежи направени од 25-те специјализанти од тековната проектна класа на стручното училиште на Шкода во Млада Болеслав. Проектот е наречен Afriq со што се поставуваат два акцента. Првиот е на рели верзијата на Kamiq, која се развива во одделението за моторспорт на компанијата. Вториот е показател дека Škoda е одговорна за сите активности на Volkswagen Group во Северна Африка од почетокот на годинава и за целата планета за развој на новата платформа за мали возила!

Инспирирани од Dakar серијата учениците од стручното училиште сами го развиваат  Afriq со замислени димензии 4,36 метри должина, широчина од 1,79 метри и има меѓуоскино растојание од 2,65 метри. Во план е изработка на концепт возило кое ќе биде осмо по ред од кога започна проектот во 2014 година. Досега се произведени купе базиран на Rapid Spaceback, Karoq кабриолет, пик-ап од Kodiaq и неодамна Spider Slavia од Scala.