Легендарното чешко купе доби модерна интерпретација, засега само во дигитален облик
Минатото е полно со инспиративни идеи – треба само да се погледне наназад. А погледот низ историјата на Škoda ќе покаже многу славни модели, меѓу кои секако е и чешкото Porsche, купето 110 R. Тоа беше доволна провокација младиот дизајнер Рихард Швец да се зафати за работа и да ја креира неговата модерна интерпретација во најновиот стилски јазик на марката кој ни го претстави со концептот Vision O во Минхен.
Неговите футуристички линии доста верно го доловуваат духот на култниот симбол од источниот блок од седумдесеттите, претставен 1970-та година како спортска изведба на семејниот модел 100. Имаше 1,1 литарски мотор со 60 KS сместен назад, а визијата на младиот чешки дизајнер електропогон. Ниската силуета и брзиот заден дел ги распламтуваат страстите а меланхоличните предни светла фантазијата. Мускулестите крила, тркалата со една навртка и ребрата на предната хауба покажуваат посветеност на деталите. Страничните површини евоцираат на оригиналот а задниот крај е обликуван симетрично со предниот.
Скоро сигурно е дека оваа дизајнерска идеја ќе остане само тоа, иако би било убаво да видиме нешто слично од Škoda и на улиците. Кој знае, можеби еден ден…