Mожна стратегија за излезе од Кина
Поради малиот пазарен удел во Кина, Škoda планира да се етаблира на поперспективни азиски пазари како Индија и Виетнам
Интензивната конкуренција од локалните брендови на најголемиот пазар во светот ги притиска сите западни производители на возила. Извршниот директор на чешкиот бренд Клаус Целмер изјави дека заедно со кинескиот партнер ќе направат стратегија на кој начин ќе продолжат со работењето. Повлекувањето на Škoda од Кина ќе и овозможи на матичната групација Volkswagen да ги концентрира напорите во земјата на својата главна марка VW, која се бори наспроти домашната конкуренција. Наместо целосно да се повлече од Кина, Škoda би можела да размислува и за продажба само на увезени автомобили.
Кинеските модели на Škoda во моментов се произведуваат во фабриките на групацијата VW. Кинеските производители на автомобили, многу од нив државни, долго време работеа во сенка на меѓународни компании како што се Џенерал Моторс, Фолксваген и Мерцедес-Бенц, дури и кога беа партнери преку заеднички вложувања. Но, напорите на Пекинг да води во технологијата за електрични возила им овозможија на многу домашни компании, особено BYD и Geely Auto, да се појават како лидери како што се развива ерата на ЕВ. Кинеските стартапи за електрични возила како Nio, Xpeng и Li Auto, исто така, добиваат на сила и размер, заканувајќи се на помалите странски брендови. Škoda имаше 0,6 отсто од кинескиот пазар во 2021 година.
Кинеските испораки, според финансискиот извештај на Škoda паднаа за 31 отсто на 36.300 во првите три квартали на 2022 додека глобалните испораки паднаа за 22 отсто на 544.500 во истиот период. Напуштањето на Кина ќе му помогне на брендот повеќе да се фокусира на Индија, за која има одговорност во рамките на групацијата VW. Škoda, исто така, во октомври соопшти дека планира да започне со продажба и производство на автомобили во Виетнам, каде што вели дека има „значителен потенцијал за раст“. Марката гледа годишен потенцијал за продажба до 40.000 возила во Виетнам, вклучително и автомобили направени по принципот CKD во локална фабрика што треба да се отвори во 2024 година.


