Škoda – Произведени три милиони SUV

Од фабриката Квасини излезе црниот Kodiaq Sportline обележувајќи голем јубилеј на Škoda

Во модерната историја на Škoda спортско-корисните возила излегоа на сцена во 2009-та. Но, пред да се претстави Yeti, Škoda во портфолиото имаше теренец. Trekka излезе на теренот во 1966-та како резултат на соработката со увозникот за Нов Зеланд и уште неколку тамошни фабрики.

Воедно тоа беше првата Škoda развиена, дизајнирана и произведена вон Чешка и првото возило произведено во Нов Зеланд. Trekka отиде во пензија 1972 со наследство од 3.000 произведени примероци. 37 години се чекаше на следниот адекватен модел. Претставувањето на Yeti беше срамежливо, но неговиот скор беше импресивен.

Тој не само што успешно се продаваше девет години, тој повлече  лавина нови модели со теренски предиспозиции на марката. Yeti кога прекина да се произведува имаше скор од 684.000 продадени примероци. Во 2016-та се прошири палетата кога дојде најголемиот модел на куќата, Kodiaq. Тој доби спортска изведба vRS, а со неговата втората генерација беше засилен со плаг-ин хибрид со електрична автономија од 62 км. Бројчаникот на производството покажува 841.000 парчиња и уште врти!

Една година по премиерата на Kodiaq му се Karoq. За шест години постоење оствари присуство на 60 пазари со портфолио од 705.000 примероци. Сличен успех доживува градскиот кросовер  Kamiq чија кариера трае само четири години бележејќи продадени 537.000 возила. Воедно, Kamiq е најдобро продаваниот кросовер на Škoda во 2021 и 2022 година. Електричната ера во Млада Болеслав започна во 2020 година со најавата на Enyaq и Enyaq Coupé.

Поставени на МЕВ платформата за ЕВ на групацијата Volkswagen, тандемот лани излезе на улиците зрачејќи со емотивен дизајн, спортска естетика и просторен ентериер. На успехот придонесува малиот  Kushaq што се произведува во Индија и наменет за тој пазар. Од таму, ќе се извезува во делови во Виетнам каде ќе се склопува за тамошни купувачи.

За 14 години колку се произведуваат, спортско-корисните возила на Škoda денеска сочинуваат 50% од испорачаните автомобили на компанијата. Во Чешка активни се две фабрики. Од Млада Болеслав доаѓаат Kamiq, Enyaq и Enyaq Coupé, а од Квасини  Karoq и Kodiaq. Škoda ги призведува своите кросовери во Кина, Индија, Украина и Словачка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER