Škoda поевтина, Seat со нов идентитет

Škoda поевтина, Seat со нов идентитет

Volkswagen планира да ги прегрупира марките во своето портфолио

Објавено на 2 октомври 2019 година

Со пониски цени Škoda ќе ги напаѓа корејските марки, а Seat ќе цели кон друга категорија купувачи. Во моментов групата Volkswagen брои осум марки возила и толку многу модели што практично има за секој по нешто. Но дел од нив се преклопуваат и си пречат во продажбата, а истовремено остануваат пазарно недоволно покриени подрачја. Тоа е проблем бидејќи на Škoda се гледа како на малку поевтин Volkswagen, а на Seat пак како негова шпанска алтернатива. Тука се и Корејците кои со својот поповолен однос цена-понудено практично ги истиснаа од источноевропските пазари. Затоа како што најави директорот на Volkswagen-овата продукт-стратегија Михаел Јост, групата планира во иднина подобро да ги диференцира своите марки односно да повлече повидлива граница меѓу нив. Така улогата на Škoda би била ценовно да се позиционира меѓу Dacia и Kia, со што поагресивно ќе нападне на пазарите каде цената е битна. Нема да биде марка која продава евтини автомобили, но нема повеќе ни да навлегува на територијата на Volkswagen. Тоа подразбира и дека Škoda веќе нема да нуди поскапи опции во опременоста, што на Чесите нема многу да им се допадне. Затоа пак Шпанците ќе бидат задоволни бидејќи Seat треба да добие нов идентитет со кој ќе стане поемотивен и поскап. Дури до толку што како конкурент се споменува Alfa Romeo, што значи дека автомобилите на шпанската марка ценовно би ги престигнале моделите на Volkswagen.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER