Škoda – над милион испораки

Вести

Пирова победа

Минатата година Škoda повторно ја мина границата од милион продадени возила.

објавено 13. јануари 2021

Компанијата продаде 1.004.800 возила, околу 230.000 единици помалку отколку во 2019 година. Виновникот е добро познат и потекнува од Вухан. Во Европа пазарниот удел на адутите од Млада Болеслава се искачи на 5,4 проценти, но тлото силно се тресе  со пад на продажбата помеѓу 15,7 проценти (Централна Европа) и 20,8 проценти (Источна Европа со исклучок на Русија). Во Западна Европа Škoda испорача 434.500 возила што е минус од 16,5 проценти. Во Кина Škoda испорача 173.000 возила, 38,7 проценти помалку автомобили отколку претходната година. Во Индија, каде компанијата ги координира сите деловни активности на групацијата VW, испораките паднаа за 27,9 проценти, на 10.900 единици. Продажбата во Русија го ублажи падот со рекордните 94.600 продажби со раст од 6,8%. Со пад од 29,2% Octavia останува бестселер на брендот со 257.400 регистрации минатата година.