Јаглеродно неутрален превоз за експото во Осака

Корпорацијата ENEOS, составена од пет јапонски производители на возила, ќе обезбеди возила што ќе користат синтетички горива.

Возилата ќе бидат оперативни во текот на Осака Експо 2025, светска манифестација на која се презентираат иновации, и ќе служат за транспорт на гостите и потребите на организацијата. Синтетичкото гориво веќе се произведува во истражувачките лаборатории во Јапонија.

Возилата за транспорт на гостите ги обезбедува Toyota и Mazda, додека останатите возила се од Suzuki, Subaru и Daihatsu. Сите пет производители тврдат дека со овој тип гориво возилата функционираат многу слично како на бензин. Синтетичките горива се извор на чиста енергија, се изработуваат од обновливи извори, може да ја користат постоечката инфраструктура и ги намалуваат емисиите на јаглерод на моторите со внатрешно согорување.

Со ова Јапонците сакаат да докажат дека возилата што користат синтетички горива се клучна опција за мобилноста на патот кон јаглеродна неутралност и ќе допринесат на мисијата на одржливост која Експо 2025 ја нарекува „Зелена визија“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER