Симбол на довербата

Под тој слоган AvtoVAZ ја претстави втората генерација на Lada Granta
Објавено на 15 август 2018 година

Моделот кој е симбол на едно друго, поминато време за рускиот производител на автомобили AvtoVAZ, станува симбол на довербата – после седум години Lada Granta го доживеа својот редизајн и со нов лик и нови адути продолжува да ја гради довербата што ја има кај руските купувачи. Lada Granta се појави во 2011 година како наследник на старата генерација модели од овој производител, претежно на Samara. Базирана на плаформата на Kalina, од 2013 до 2015-тата беше најпродаван автомобил на рускиот пазар. Оттогаш досега доживеа само две позначајни промени – во 2014-тата покрај седанот во понудата беше додадена и 5-вратна лифтбек верзија, а наредната година помина низ благо дотерување – браници, ретровизори и уште пар незабележливи детали.

Визуелните промени сега се толку големи што официјално е означена како втора генерација. Во прилог на тоа е и проширувањето на семејството на четири верзии – покрај споменатите, ќе се нуди и како хечбек и караван. Вниманието најмногу го перивлекува со новиот преден дел направен по углед на поголемата и помодерна Vesta. Рестилизација го опфати и задниот дел, а за ентериерот се употребени поквалитетни материјали. Во палетата на мотори и понатаму ќе биде 1,6 литарскиот бензинец во варијанти од 82, 87 и 98 KS, со 5-степен мануелен и 4-степен автоматски менувач.

Новата Lada Granta премиерата ќе ја има за две недели на салонот на автомобилите во Москва, но нејзиното производство веќе е започнато.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER