Setra TopClass – Автобус на годината (видео)

Сезоната на награди започна

За туристички автобус на 2026-та година е прогласен Setra TopClass. Меѓународното стручно жири составено од специјализирани новинари од 24 европски земји едногласно го препозна како автобус кој во сите сегменти поставува нови стандарди. Својата одлука ја донесоа по директното соочување со останатите финалисти Neoplan Skyliner и Iveco Evadys во кое тие на рута од илјада километри три дена ги докажуваа своите квалитети. Тоа што отиде во витрините на филијалата на Daimler не е изненадување бидејќи и претходната генерација на Setra TopClass ја имаше освоено пред една деценија. Во коментарите на жирито се нагласува дека овој автобус за возачот донесува подобра ергономија и прегледност, а за патниците простор, удобност и тивко возење, карактеристики што го прават идеален избор за долголиниски туристички тури и ексклузивен чартер превоз. Гамата се состои од три верзии со различна должина и една на два ката. Моторите се шестцилиндрични со 476 или 510 коњски сили а менувачот автоматизиран осумстепен. Оваа престижна награда не се доделува секоја година – досегашниот лауреат Neoplan Cityliner својата титула ја доби за 2022-рата, додека лани беа доделени признанијата за минибус и градски автобус на годината.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER