Серџо Маркјоне почина

Серџо Маркјоне почина

Објавено на 25 јули 2018 година

Донеодамнешниот извршен директор и претседател на Fiat Chrysler, Серџо Маркјоне, почина на 66-годишна возраст. Тој пред неколку недели го оперираше рамото во Швајцарија, но минатата недела нагло му се влоши здравствената состојба по што компанијата извести дека нема да може да се врати на работа и му беше најдена замена. Маркјоне дојде во Fiat во 2004 година и успешно го извлече од најтешката ситуација во која се има најдено италијанскиот производител. Својата бизнис вештина ја докажа и преку спојувањето со Chrysler, кој тогаш исто така беше во незавидна финансиска ситуација. Од тие две компании Маркјоне го изгради седмиот најголем производител на светот кој вработува 235 илјади луѓе и има годишни приходи од 110 милијарди евра, со кој требаше да раководи до април идната година, кога му истекуваше петгодишниот договор.

Серџо Маркјоне е роден 1952 година во местото Кјети на 20-тина километри од Пескара. Син е на карабинерски наредник, кој своевремено бил испратен на служба во Истра каде ја запознал својата идна сопруга. По завршувањето на втората светска војна семејството се сели во Кјети, а во 1965 година емигрира во Канада, каде Серџо се школува. Во 2004 Умберто Ањели го ангажира да раководи со Fiat, кој за помалку од две години се извлече од загубите. Со доста вешт бизнис-маневар во 2009 година практично го откупи Chrysler, спасувајќи го од колапс и основајќи ја FCA групацијата. Финансиската генијалност ја докажа и со преселувањето на седиштето на компанијата во Амстердам, додека даночната база ѝ е во Лондон. Третиот петгодишен мандат требаше да му заврши во април идната година. Во моментот на неговото разрешување беше прв човек на Fiat Chrysler, Ferrari, Maserati и CNH Industrial.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER