SEAT – преминува во електромобилност

насловна Поглед во иднината

Амбициозни планови од Марторел

Cupra електрифицирана, на ред е ЅЕАТ

објавено 23. март 2021

Кога менаџерите прават преглед на изминатата година, тие обично ја започнуваат својата презентација со фразата „Бевме на добар пат, но потоа дојде пандемијата“. Шефот на ЅЕАТ Вејн Грифит не е исклучок. Тој изјави дека компанијата до февруари била еден од најбрзо растечките брендови во Европа, но тогаш дојде Корона и годината помина многу поразлично од планираното. Шпанската марка на групацијата VW минатата година продаде само 427.000 модели, што укажува на негатива од 26 проценти. На крајот на годината се случи загуба од 194 милиони евра по оданочување. Грифит сега гледа напред, а иднината на брендот е електрифицирана. ЅЕАТ планира инвестиции од пет милијарди евра до 2025 година, кои првенствено ќе се влеат во електрична мобилност.

Главната фабрика во Марторел потоа треба да се прошири во нова локација за производство со капацитет од 500.000 електрични возила во следните години. Овој капацитет покрај сопствените модели, способен е да произведува и возила од другите брендови на групацијата како Škoda, VW и Audi. Сепак, спроведувањето на амбициозниот проект е неизвесна и зависи од повеќе фактори. ЅЕАТ планира да го концентрира развојот на електричните модели на групацијата Фолксваген во Каталонија. Првиот целосно електричен автомобил на марката ќе биде лансиран на пазарот во 2025 година како електрично возило за урбани средини. Со големина на Arona компанијата сака да ја направи електромобилноста привлечна за масовната публика. Моделот ќе чини помеѓу 20.000 и 25.000 евра. Една година пред електричниот градски автомобил да пристигне, на пазарот е лансиран Cupra Tavascan, кој беше прикажан како студија пред две години во Франкфурт. На пат е и компактниот електричен кросовер Cupra El Born, модел со закажана премиера кон крајот на годинава.

Тој ќе даде придонес за намалување на јаглеродниот отпечаток на марката. Cupra, основана пред три години како независна спортска марка, ќе игра важна улога во иднината на SЕАТ. Од лансирањето, вкупно 70.000 примероци  се продадени ширум светот, од кои 27.400 минатата година. Од следната година Cupra ќе влезе во Австралија. Оваа година, уделот на брендот за перформанси во продажбата на ЅЕАТ треба да се подобри на десет проценти и во исто време да даде важен придонес за оптимизирање на рамнотежата на СО2 во рамките на марката.