SEAT Arona – Допатува во Македонија

Вести Македонија

¡Ноla Arona!

Обновениот мини кросовер најавува возбудлива втора половина од кариерата

Од претставувањето во 2017 година SEAT Arona покажа дека има аргументи да опстане во извонредно конкурентен сегмент каде има повеќе од дузина конкуренти. Скорот од продадени близу 400.000 возила даде зелено светло за неодамнешниот лифтинг направен дискретно, но ефективно.

Посилниот, поцврст и посамоуверен став на надворешноста и комплетно трансформираната кабина додека новите нивоа на поврзување и системи за помош на возачот ја прават новата SEAT Arona уште покомплетна. SEAT Arona е целосно вмрежана со систем за безжична врска со Android Auto и CarPlay. Корисниците можат да комуницираат со новиот инфозабавен систем од 9,2 инчи користејќи природен говор преку искажување на фразата „Hola Hola“.

Освежениот SEAT Arona е 100% создаден во Барселона: дизајниран, развиен и произведен во Барселона во капацитетите на производниот погон во Марторел. Повеќе информации во вашиот најблизок салон на SEAT.