Електричен колос
За потребите на еден норвешки каменолом, Scania го испорача најтешкиот електричен камион. Тој со својата вкупна тежина од 66 тони ќе има задача до блиското пристаниште годишно да транспортира околу 120.000 тони варовник. Пресметките велат дека со неговата употреба ќе бидат заштедени 60 тони дизел и во атмосферата ќе бидат испуштени 156 тони јагленород диоксид помалку. Камионот со електромотор од 600 коњски сили и батерии со капацитет од 300 киловат-часа е дел од пилот програмата на Scania за соработка со избрани клиенти на решенија за електричен транспорт прилагодени на нивните потреби.