Со голема помпа една непозната кинеска компанија зад која стои капитал на Xiaomi го најави доаѓањето на малиот електричен родстер SC01 во Европа.
Ништо бомбастично би рекле но перспективата ја менува фактот дека ќе се произведува во Италија.
Планирани се илјада примероци кои ќе ги привлекуваат купувачите со стилот налик на легендарниот Stratos на Lancia и ниската тежина.
Двата погонски електромотори со заеднички 435 коњски сили ќе го забрзаат до 100 километри на час за само 2,9 секунди додека батериите од 60 киловат-часа ќе бидат доволни за 500 километри.
Ослонувањето е тркачко, во внатрешноста нема големи екрани а цената се проценува на 60 илјади евра.


