SЕАТ – Mó 125 Performance

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Дополнителна моќ и шминка

Пред ЅЕАТ е исправена иднината на која целиот концерн VW е посветен. Само шпанскиот дел не би бил тоа што е да нема дополнителни изнендаувања. Во понудата од пред некоја година се наоѓа електричениот скутер Silence, а смотрата во Милано е искористена да се претстави неговата ажурирана верзија која содржи мал куп подобрувања. Сопирачките имаат регенеративно собирање на енергијата, Öhlins амортизери, шминкерско седиште пресвлечено со Alcantara, дотеран дизајн, и, пред сè, има функција за краткорочно засилување. Тоа му дава поголем поттик на скутерот при забрзување и ја зголемува максималната брзина од 95 km/h на 105 km/h на половина минута, па така спринтот од 0 до 50 km/h е скратен на 2,9 секунди. По пауза од две минути, e-Boost може повторно да се користи.

Интересно е да спомне дека SЕАТ Mó 125 стана сопственик на два Гинисови рекорди. На тркачка патека, штафетен тим помина вкупно 1430 километри во рок од 24 часа. Возачите се менуваа на секои 50 минути со секое менување на батеријата. Наредниот ден, новинарот Валерио Бони возеше како индивидуален возач со истиот скутер 1.158 километри и го обезбеди рекордот за најдолго соло возење на електричен скутер во рок од 24 часа. Seat Mó 125 Performance ќе биде достапен од првиот квартал на следната година, а на кои пазари не е дефинирано.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER