РСБСП – Жените возат одговорно!

Занимливости Македонија

Среќен 8-ми Март!

Биди горда што си жена и што си безбеден возач!

И покрај тоа што сеуште постојат одредени стереотипи за улогата на жената во општеството сепак евидентен е фактот дека жените денес се рамноправни  во сите сфери на општественото живеење. Кога станува збор за сообраќајот, факт е дека жените денес се активни учесници во патниот сообраќај и тоа не само како пешаци и велосипедисти, туку и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%.

По повод денот на жената,  8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР  организира превентивно едукативни активности  со цел подигање на свеста  против стереотипите за жените како лоши возачи.  Согласно тоа, на  7 и 8 март во повеќе градови се организираат  акции за дистрибуција на цвеќе за жените возачи и дистрибуција на брендирани заштитни маски за лице, флаери, миризливи освежувачи за во автомобил и други едукативни материјали. Активностите  се одвиваат под мотото: Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!

ЧЕСТИТ  „8- ми МАРТ“