Rolls-Royce го искористи моментот да ја лансира алтер-его верзијата на Spectre Black Badge која со своите 659 коњски сили е најмоќниот Rolls-Royce во историјата
На тоа се охрабрија од досега собраните искуства од купувачите меѓу кои има и такви кои со својот автомобил поминуваат и по тринаесет илјади километри годишно.
Импресионира и максималниот вртежен момент од дури 1.075 њутн-метри доволен за забрзување до 96 километри на час за 4,1 секунда, што е феноменален резултат за возило тешко три тони. Автономијата што ја даваат батериите со капацитет од 102 киловат-часа не е објавена – стандардниот модел со нив може да помине 520 километри.
Не е објавена ниту цената која лесно може да се доближи до половина милион фунти. Новост е Infinity режимот на возење кој ги отклучува крајните потенцијали на моделот менувајќи го неговиот карактер.
За да го издржи полесно целото подвозје е посебно подготвено – управувањето е потврдо, а системот за контрола на стабилноста поревносно го спречува наклонувањето на каросеријата. За неа на располагање се дури 44 илјади колорни нијанси, но кој сака може да нарача дизајнерите на Rolls-Royce само за него да подготват специјална боја.


