Rolls-Royce Spectre – Втора фаза на тестови

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Подготовки за вековна служба

Откога беше најавено дека ќе го лансира својот првиот електричен автомобил, Rolls-Royce темелно работи на неговата реализација.

За да се осигура дека ќе стане вистински Rolls-Royce, Spectre мора да биде подложен на најригорозната програма за тестирање што некогаш ја смислила оваа марка. Во неа ќе се поминат вкупно 2,5 милиони километри, симулирајќи повеќе од 400 години работен век на Rolls-Royce. Вкупно 625.000 тест километри се завршени во јужна Франција. Првата фаза ќе се одвива на историскиот полигон Аутодром де Мирамас, сега најсовремен центар за тестирање и развој со повеќе од 60 километри патека и 20 тест патеки. Тие нудат различни опции за тестирање, вклучително и овална со голема брзина со три ленти во должина од пет километри и со стрмни нагиби што овозможува Spectre да се тестира со постојано големи брзини. Втората тест фаза ќе се одвива на патната мрежа на Прованса и Азурниот брег.

Фокусот е ставен на новата технологија на потпирање која гарантира дека Spectre ќе го испорача магичното чувство во возењето кое се нарекува „летечки ќилим“. Тоа е една од многуте работи кои купувачите ги обожуваат и не се подготвени да се откажат од нив. Софистицираната електронска стабилизација на возењето  користи голем број нови хардверски компоненти и ја користи брзата обработка на податоците на Spectre.

Целосно алуминиумската архитектура на конструкцијата на Spectre резултира со најтврдата каросерија во историјата на брендот. Алуминиумската архитектура е засилена со челични делови и има 30 проценти подобрување во торзионата крутост во однос на кој било постоечки автомобил на Rolls-Royce. Воедно, Spectre е најаеродинамичниот производ од Гудвуд со коефициент на отпор на воздухот од 0,25. Ова не само што претставува рекорд за Rolls-Royce, туку е без преседан во луксузниот сектор. Тест фазата продолжува со зголемен интензитет. Официјалната промоција на Spectre е закажана за последниот квартал на идната година. За повеќето е тоа е далеку, но за Rolls-Royce е поблиску  од утре…

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER