Горивата со нагорен тренд
Цените се зголемуваат, а до кога никој не знае да каже
објавено 10. мај 2021
Побрзајте да наполните гориво по стари цени до полноќ. По тоа за ЕУРОСУПЕР БС–95 ќе се плаќа 1,50 денар/литар повеќе, односно неговата цена ќе изнесува 68,50ден/лит. За еден денар повеќе ќе се качи цената по литар на ЕУРОСУПЕР БС–98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) со што ЕУРОСУПЕР БС–98 ќе чини 70,00 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) ќе се наплаќа по 60,00ден/лит.


