РКЕ – поскапување на бензинот

Вести Македонија

Бензините нагоре, дизелот стабилен

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар

објавено 12. јули 2021

На денешната седница на Републичката комисија за енергетика донесена е одлука за поскапување на бензините за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 74,00 ден/лит. Цената на дизелот останува неизменета.