РКЕ – горивата поскапуваат од полноќ

Вести Македонија

Дизелот поскап за 1,5 денари

Цените рипаат, РКЕ тврди дека има 2,64% поевтинување?!

објавено 15. февруари 2021

Од РКЕ добивме непријатно изненадување и статистичка утеха. Цените на бензините и дизел горивата од полноќ поскапуваат за 0,50 до 1,50 денари, но согласно Методологијата за формирање на цените, тие се намалиле во просек за 2,64%. Така, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, и ќе изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе чини 65,00ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50ден/лит.