По подолг период дизелот се спушта под 90 денари за литар. Со денешната одлука на РКЕ тој поевтинува за 6,50 денари по литар и од полноќ во малопродажбата ќе се продава за 85,50 денари по литар. За сметка на тоа пак бензините поскапеа за половина денар по литар. Од утре во малопродажбата ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 88,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 90,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 85,50 ден/лит.


