РКЕ – благо поскапување

Вести Македонија

Бензините поскапи за половина денар!

објавено 05. јули 2021

На денешната седница на РКЕ утврдени се новите цени што важат од полноќ. Извршено е поскапување на бензините за половина денар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 73,50ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), не се менува и останува 63,00ден/лит.