Rivian – Два нови модели

Американскиот производител на електрични автомобили започнува производна офанзива која ќе ја вклучи и Европа.

На настан во Лагуна Бич, Калифорнија, Rivian претстави два новитети засновани на нова архитектура на возила со средна големина. Моделот R2 беше прикажан виртуелно додека помалиот R3 е вистинско изненадување.

R2 е електричен кросовер со два реда седишта, кој е долг 4,71 метри, широк 1,90 метри и висок 1,70 метри и е конкурент на Tesla Model Y, но има класични пропорции на теренско возило. Стилски изгледа како помал брат на добро познатиот R1, и на располагање се погони со еден, два или три електрични мотори.

Ќе биде опремен со две големини на батерии со новите, високоефикасни ќелии. Задното стакло може да се спушти електрично, а задните седишта може да се спуштат и да бидат целосно рамни што е погодност добра за превоз на поголеми предмети.

Во САД цените би требало да започнуваат од 45.000 долари. Она што никој не го очекуваше е моделот R3 и неговата премиум верзија R3 X. Го дели погонот и платформата со R2, но е уште покомпактен и би требало да има поевтина цена. Моделот X е дизајниран да биде поспортски од обичниот R3 и ќе има подобри својства надвор од патот. Се најавува дека двата новитети треба да го завршат спринтот од 0 до 100 км/ч за околу три секунди во нивните врвни верзии.

Стилски, дизајнерите на R3 ги земаа своите знаци од европските компактни автомобили од 70-тите и 80-тите години како што се VW Golf и Lancia Delta, но и од иконата на руското теренско возило Лада Нива. И двата модели треба да се произведуваат во американската сојузна држава Илиноис.

Пазарното деби на R2 се најавува за  2026 година, а R3 ќе следи една година подоцна. Rivian планира двата нови модели да бидат достапни во Европа од 2027 година. Според производителот, R1 е преголем за Европа, па затоа на најавените помали кросовери се адутот на компанијата за стариот континент.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER