На повидок е зделка вредна милијарда евра
Ќе стане ли Bugatti хрватска фирма? Мате Римац лично потврди дека има амбиции да ги откупи акциите на Bugatti од Porsche во вредност од околу милијарда евра. Понудата веќе била подготвена но преговорите секако ќе бидат бавни, долги и комплицирани. Bugatti како производител е во сопственост на компанијата Bugatti Rimac во која групата Rimac има 55 а Porsche 45 отсто од акциите. Моменталната состојба кај Porsche оди во корист на Римац, но историјата кажува дека ниту германската компанија ниту нејзините индиректни и влијателни австриски сопственици не се склони на брзи одлуки. Можеби тука лежи и мотивот на Мате Римац целосно да го презеде кормилото на Bugatti – тој како приватен претприемач е навикнат сам да донесува одлуки без долга бирократска процедура наложена од акционерската структура на компанијата и нејзиниот управен одбор.
Што ќе биде тешко е да се предвиди но и да се случи зделката Porsche сепак ќе има некакво влијание врз работата на Bugatti бидејќи држи 22 отсто учество во капиталот на групата Rimac.



