Rimac – C Two

Вести Поглед во иднината

Најавено е призводство на мала серија

Во изработка се шест предпродукциски возила

објавено 23. декември 2020

Хрватскиот Rimac а изработува шест пред серијски возила за својот електричен хиперавтомобил C-Two. Тие се составуваат на монтажната лента што подоцна ќе се користи за сериско производство и се наменети за понатамошни тестови, завршни координации и меѓународни процедури за одобрување. Rimac планира следната година да започне со редовно призводство на супер спортскиот автомобил од 1914 КС.  Porsche има десет проценти удел во компанијата. C-Two има капацитет на батерија од 120 kWh, треба да достигне 412 км/ч и, според производителот, спринтува од 0 до 100 км/ч за околу две секунди. По помалку од 4,5 секунди, се достига електронски ограничената брзината од 160 км/ч. Заинтересираните за купување на примерок од малата серија треба да бидат подготвени за откупна цена од над еден милион евра.