Richard Mille – LeMans Classic

Занимливости

Осмиот специјалец

Во чест на стогодишнината на LeMans

објавено 24. јули 2021

Производителот на престижни часовници Richard Mille е докажан поддржувач на автомобилскиот спорт. Една од областите во кои негува партнерство е 24 часовните натпревари на издржливост.

Следната година ќе се навршат 100 години од постоењето на легендарната трка 24 часа LeMans. По тој повод прочуената часовникарска компанија  подготви специјална ограничена серија од 150 примероци наречена RM 029 Automatic Le Mans Classic. Новиот хронометар е осмото специјално издание со името на патеката. Скелетон куќиштето отпорно на вода до 50 метри е направено од зелен и бел кварц за да одговара на шемата на бои на историската трка.

Автоматскиот калибар RMAS7 има резерва за работа до 55 часа а работи со 28.800 вибрации на час. Ограничени на 150 парчиња, љубителите на вака ретки и посветени часовници ќе може да го стават на рака новиот RM 029 Automatic Le Mans Classic за цена од 142.000 (сточетириесетидве илјади) евра.