Renault ZOE – Европски шампион

Најдобро продавано ЕВ

Бројките вртоглаво растат

објавено 11. декември 2020

Бројот на продадени електрични возила со батерија во Европа бележи вртоглав раст. Renault е еден од пионерите во електрификацијата кога го воведе во редовната понуда ZOE. Актуелна е неговата трета генерација која е лидер во продажбата на пазарот на електрични возила со батерија бележејќи пласман од 95,985 во периодот од ноември 2019 до истиот месец 2020 што претставува 80% зголемување на регистрираните ЕВ. Во тековнава година произведени се 84,000 парчиња што е двојно зголемување во однос на мината! ZOE е лидер на пазарите во земјите како Франција, Германија, Италија, Шпанија и Португалија учествувајќи со најголем процент во продажбата на вкупно 268,000 продадените примероци. На овој позитивен биланс се приклучува Kangoo Z.E. кој е најдобро продавано електрично лесно доставно возило. Годинава се продадени 8,498 додека вкупното производство во овие десет години постоење достигна тираж од 57,595. Со бројките добро стои Twizy со повеќе од 31,000 продадени возила.  Но, тука Renault не запира. Употребувајќи го своето богато искуство во областа на електричните возила ја прикажа студијата Mégane eVision. Базирана на CMF-EV платформата на Алијансата, на студијата се гледа како можно финално решение за електрификација на компактната класа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER