Renault Twingo – старо име, нови можности

Renault се подготвува за претставување на новиот Twingo

Закажана за почетокот на идниот месец, премиерата на новиот Twingo ќе биде голем настан не само за Renault, туку и за целокупниот автомобилски пазар бидејќи ќе има цена под 20 илјади евра. Споделувајќи со нас неколку фотографии на кои се гледаат најкарактеристичните детали, од Renault посебно нагласија дека електричниот Twingo кој сега во ознаката ја има и додавката има Е-Tech е развиен за само две години. Донесува современ дух на оригиналот од 1992-ра година комбинирајќи ги препознатливиот дизајн и практичноста со иновативните технологии. Останува верен на единствениот и шармантен карактер и е поставен на AmpR Small платформата оптимизирана за градска експлоатација. Тоа е истата онаа од Renault 5 и 4, Alpine A290 и Nissan Micra што јасно укажува што може да очекуваме како погонска механика. Сепак, ќе се стрпиме уште некоја недела.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER