Renault го продолжи обновувањето на својата гама со новиот Trafic E-Tech, но се очекува во 2027 година.
Популарниот доставен модел сега има сосема поинаков настап со футуристички дизајн, електромотор со 204 коњски сили сместен назад и
два пакета батерии од кои поголемиот нуди автономија од импресивни 450 километри. Ќе биде достапен во две каросериски изведби со различно голем простор за товар но еднаква височина од 1,9 метри условена од лимитите на пристап во подземните гаражи.
Во кабината има три седишта, дигитална инструмент табла и голем централен екран свртен кон возачот. Системот за навигација ги зема предвид димензиите и општо намената на возилото за да се избегнат несоодветни рути,
а располага и со планер за патувања кој известува за станиците за полнење. Архитектурата на 800 волти овозможува брзо полнење и подржува напојување на надворешни уреди и
враќање на струјата во енергетската у мрежа. Производството ќе му започне при крајот на идната година а сегашните модели со дизел мотори остануваат во понуда.



