Формирана нова ќелија
Renault игра пионерска улога во глобалниот премин кон електромобилноста. Со малиот Зое, Французите беа меѓу првите компании кои се впуштија во иднина пријателска за климата. Сега се додадени уште три електрични модели во палетата, а студијата Scénic Vision покажува во кој правец групата ќе ги превземе понатамошните чекори. Надворешниот дел укажува дека се работи за семејно возило исполнето со иновативни технолошки и просторни решенија кои ќе бидат применети во идните модели на Renault. Веќе е најавено дека вкупната должина ќе биде околу 4,4 метри, ќе тежи до 1.700 килограми и треба да се појави на пазарот во текот на 2024 година. Програмата за развој „Ренолуција“ е фокусирана на потполната електрификација и прогресивните погони. Следната генерација на компактни моноволуменци треба да се појави со електричен погон на батерии, но во иднина ќе се приклучи хибриден погон со водородни горивни ќелии. Технологијата H2-Tech се однесува на возила со нулта емисија на издувни гасови која ја обединува работата на струја што се црпи од батерија и струја добиена преку водородни горивни ќелии од 16 kW. Овој концепт со двојно полесна батерија има ист домет како сегашните електрични возила на батерии. Групата Рено има искуство со оваа технологија. Во рамките на проектот Hyvia веќе се нуди погонот на водородни горивни ќелии во лесни комерцијални возила. Досегашните искуства покажуваат охрабрувачки резултати. Вкупната емисија на јаглерод е за дури 75% пониска споредена со онаа на Megane E-TECH Electric.