Со Scénic Vision Concept најавена е премиерата на електричниот компактен моноволумен
Во рамките на својата определба за масовно производство на електрични возила, на конференцијата ChangeNOW во Париз францускиот гигант ја најави втората фаза на стратегијата Renaulution.
Досега во сегментот на патнички модели Renault има три потполно електрични возила. Од септември на Mégane E-Tech electric, ZOE i Twingo ќе им се придружи и Scénic E-Tech electric. Пред производствените примероци наменети за тестирање веќе ги поминуваат зацртаните маршрути на јавни патишта и низ одредени населени места.
Од првите фотографии може да се забележат контурите и да се претпостави конечниот изглед. Вистинското изненадување следи на 4-ти септември кога во рамките на саемот на автомобили во Минхен е закажана светската премиера.
Renault Scénic E-Tech Electric ќе се произведува во центарот за електрични возила ElectriCity во Дуај лоциран на северот на Франција.


