Renault Rafale E-Tech 4×4 се искачува на алпски врвови

Купе кросоверот стана приклучен хибрид, ја набилда силата и доби погон на сите тркала

Rafale беше претставен минатото лето, но единствениот модел достапен при лансирањето беше со погон на предните тркала, 1,2-литарски мотор кој испорачуваше 200 КС со помош на два електрични мотори, еден стартер генератор и втор сместен во менувачот.

Дуото стана трио со додавање на уште еден мотор на задната оска кој произведува 100 kW. Така е добиен погон на сите тркала и вкупно 300 КС. Дополнителниот мотор се храни од батерија од 22 kWh која испорачува доволно струја да се поминат 100 километри.

Тоа овозможува вкупна автономија на возилото до 1.000 километри. Батеријата може да се наполни до 80 проценти за 130 минути или целосно да се ревитализира за 2 часа и 55 минути. Направените измени допринесоа и за динамичните својства.

Спринтот од стоење до 100 км/ч сега изнесува 6,4 секунди што е за 2,5 секунди побрзо во споредба со изведбата со погон на предните тркала. Купувачите на Rafale E-Tech 4×4 може да бираат две нивоа на опременост.

Ознаката Esprit Alpine нуди мноштво спортски стилски знаци на тема перформанси, вклучувајќи брендирани патосници и тркала од 20 инчи, додека верзијата Atelier Alpine се испорачува со Satin Summit Blue боја на каросеријата, ѕвездено црн лебдечки спојлер и 21-инчни тркала „Chicane“.

Од благодетите што не се гледаат Atelier Alpine има адаптивна суспензија која користи камера за да го скенира патот и да им каже на амортизерите за што да се подготват. Овие автомобили од врвна класа доаѓаат и со три поставки за контрола на каросеријата (Comfort, Dynamic и Sport) со кои се дотеруваат амортизерите и аголот на задните тркала.

На пазарот Renault Rafale E-Tech 4×4 Alpine ќе се лансира во септември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER