Renault – R5 Turbo 3E

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Легендата се слави со дрифт

По повод прославувањето на 50 годишнината од лансирањето на моделот Renault 5, французите ветија многу возбуда. Тоа го направија со електричниот концепт автомобил Renault 5 Prototype, а сега на сцената настапи интерпретацијата на класикот конструирана за дрифтање. И овој пат со електричен погон потсетува на своите легендарни претци кои жнееја успеси во мотоспортот – Renault 5 Turbo и Turbo2. Токму поради тоа R5 Turbo 3E го има во ознаката бројот 3 а буквата го означува електричниот погон. Екстравагантниот изглед го дефинираат деталите што го нагласуваат неговиот технички напреден карактер. Возилото е подготвено за дрифтање, изгледа како да е „избегано“ од видео игра и покажува дека малите електрични возила може да бидат забавни и да нудат извонредни перформанси. R5 Turbo 3E е дизајниран за перформанси и трки со неговиот погон на задните тркала, изработен е според хомологациските норми на FIA па вкупната сила на моторот изнесува 280 kW (380 КС) а од самиот почеток на возењето на располагање е неговиот мамутски вртежен момент од 700 Nm.

Затоа може да го совлада спринтот до стотка за 3,5 секунди, достига максимални 200 км/ч, а батеријата од 42kWh има доволно енергија за неколку брутални кругови на патека или низ гимкани. Во однос на оригиналот од 1972 година, модерната интерпретација е поширока за 25 сантиметри, долга е рамно четири метри а големиот заден спојлер ја држи каросеријата закована за асфалтот и при најлуди дрифтови. Тежина на каросеријата изнесува 1.500 килограми, а од нив дури 520 отпаѓаат на батеријата  Впечатливите вцицувачи за воздух обезбедуваат ладење на моторот и ја зголемуваат аеродинамичноста.

Внатрешноста е скоцкана да има изразено спортски карактер и ги има сите можни електронски остварувања. Вертикалниот лост на рачната сопирачка е задолжителен детаљ во секој автомобил наменет за дрифтање. Сепак модерната електроника на големо е имплементирана во интериерот. Сега возачот има дигитална инструмент табла пред себе поделена на десет сектори, исто како кај тркачкиот Turbo 2 кој имаше исто толку аналогни инструменти. R5 Turbo 3E ќе биде изложен на штандот на Renault на саемот во Париз во октомври.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER