Renault потврди – Scenic ќе се трансформира во електричен SUV

Scenic сепак нема во потполност да исчезне

објавено на 18 февруари 2022

Во постапката за макотрпниот процес кој Renault го започна за целосно ревидирање на гамата неминовно некои модели ќе исчезнат од автомобилската сцена. Меѓу нив, покрај Talisman, Espace и Kadjar чиј наследник веќе го знаеме требаше да биде и Scenic, но и тој веројатно ќе се спаси од дефинитивното пензионирање. Можеби како име не, но како модел сепак ќе опстане репозициониран како електричен SUV. Така најави шефот на Renault Лука де Мео, кој кажа дека сите нешта имаат свој крај и после циклусот кој трае 20 години треба да се премине на нешто ново. Во овој случај тоа се електричните технологии комбинирани со SUV место MPV каросерија, очигледно мислејќи на Scenic.

Според стратегијата за развој на марката, тој би требал да биде поставен на CMF-EV платформата која кај Renault ја лансира електричниот Megane, кој исто така поприми кросовер форма. Де Мео сето ова го дооформи и со изјавата дека модуларноста останува еден од приоритетите за новите модели на Renault. Ако ни дозволите да шпекулираме, добро би било идниот Scenic кој треба да се појави во 2024 година во поглед на дизајнот да се угледа на концептот Morphoz. Но за тоа сепак е прерано да се зборува, колкава богата историја и да има овој модел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER