Renault – Plug Power

насловна Поглед во иднината

HYVIA посветена на водородот

Шестиот бренд во групацијата Renault верува во алтернатива

објавено 21 . октомври 2021

Објавувањето на заедничката инвестиција на групацијата Renault со Plug Power означува историска пресвртница во корист на алтернативниот погон на водород. Досега сериозни играчи на ова поле се GM, Hyndai, Toyota, Stelantis, Mercedes-Benz, BMW и од сега им се приклучува Renault.  Со овој потег станува јасно дека возилата што користат водород може да станат водечки еколошки алтернативи во сообраќајот.

Неколкуте прототипови се увертира во единствен и сé опфатен екосистем HYVIA кој вклучува производство на „зелен водород“ со електролиза и негова дистрибуција со помош на мобилни станици за снабдување како и понуда на лесни комерцијални возила со погон на водород. Во најава се прототиповите Master Chassis Cab H2-TECH, големо комбе со теретен простор од 19 m3 и автономија од 250 километри. Citybus H2-TECH е градски минибус за превоз до 15 патници со домет од 300 километри.

Предностите се многу страни, пред сé, полнењето трае само пет минути и не споредливо е со полнењето на струја.  Двата прототипи се опремени со горивна ќелија со сила од 30  kW, батерија од 33 и четири резервоари со по 1,5 килограми капацитет. Целото производство ќе се одвива во Франција и ќе обединува производи на пет различни добавувачи. HYVIA е шести бренд под чадорот на Renault каде припаѓаат Dacia, LADA, Alpine и електричната Mobilize. Името ги обединува поимите хидроген и пат (HY – VIA). Првите прототипи ќе се прикажат во следните две недели, а финалната верзија се очекува во текот на 2022 година.