Renault-Nissan-Mitsubishi – Заедничката иднина под ревизија

Чиста сметка, долга љубов

Renault, Nissan и помладиот партнер Mitsubishi Motors ќе започнат пет проекти со работно име „Reloaded“

Неполн четвртина век трае алијансата Renault-Nissan на која подоцна ѝсе придружи Mitsubishi Motors. Овие три компании ќе ја продолжат соработката, но под редефинирани услови. Повеќе од јасно е дека подолго време Nissan сака да си ја зајакне положбата наметнувајќи ги своите проекти, особено во Азија каде во фокусот е Индија. Таму   јапонскиот партнер бележи добри резултати правејќи мали автомобили, мотори и менувачи, па сосема очекувано е да бара поинаква распределба на колачот. Ова ќе се однесува и на комерцијалните возила, а се планира поттикнување на поблиска соработка во Латинска Америка. Се уште не е јасно дали веќе објавените договори за производство на наследникот на Nissan Micra во фабриката на Renault во Франција и новите модели ASX и Colt на Mitsubishi во фабриките на Renault во Шпанија и Турција ќе се сметаат за дел од новите пет проекти. Алијансата делува во заеднички фабрики, купува делови и споделува развој на заеднички основи за голем број возила, заштедувајќи ги трошоците и создавајќи една од најголемите автомобилски групи во светот. Но, сложените организации, културните разлики и погрешните чекори сериозно го разнишаа партнерството. За сега преговорите се во тек, а финалната одлука ќе биде објавена за една седмица во Лондон. Идниот облик на алијансата нагласува како огромниот технолошки пресврт во автомобилската индустрија ги принудува компаниите да соработуваат и да се натпреваруваат со новодојдените технолошки компании. Renault на пример, веќе е партнер со кинескиот гигант Geely, а на тоа треба да се додаде финализирањето на договорот со државниот производител на нафта од Саудиска Арабија Aramco како инвеститор и партнер за развој на бензински мотори и хибридни технологии. Поради тоа Nissan е загрижен дека технологијата што ја развиваше во партнерството со Renault може да протече кај новите партнерите на францускиот производител додека се реструктуира. Договорот најверојатно ќе ги дефинира и силите во алијансата и се очекува Renault да го намали својот удел во Nissan од 43 на 15 проценти за да ги елиминира неизбалансираните односи кои со години беа причина за незадоволство во партнерството кое кулминира со апсењето на тогашниот шеф Карлос Гон. Неговиот наследник Лука де Мео е далеку попрагматичен сакајќи да ги одржи своите планови за реконструктуирање на Renault во пет профитни единици, план од кого ќе имаат бенефит сите членови на групацијата. За сега можеме само да се нагаѓа, сѐ додека финалниот баланс на сили не се соопшти на 6-ти февруари.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER