Renault-Nissan-Mitsubishi – Агенда 2030

Заедничка иднина

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi ќе инвестира 23 милијарди евра

Новиот курс на европско-јапонската групација опфаќа масивни вложувања во електрификацијата. Трасирањето на заедничката иднина опфаќа неколку важни елементи кои може да бидат оптимизирани. Во следните пет години трите автомобилски компании ќе инвестираат 23 милијарди евра во својата електротехничка стратегија, а веќе до 2026 година употребата на споделени платформи треба да достигне околу 80 проценти. Nissan Qashqai и X-Trail, Mitsubishi Outlander, Renault Austral и новото спортско-корисно возило со седум седишта ќе ја делат архитектурата. Поточно, за Европа се планирани два нови модели на Mitsubishi базирани на Renault Clio и Captur и вкупно 35 нови електрични автомобили до крајот на деценијата. Меѓу нив е и наследникот на Nissan Micra, кој треба да го произведува Renault во Франција. Renault ќе го предводи развојот на заедничка електрична и електронска архитектура и ќе го лансира првото целосно софтверски дефинирано возило до 2025 година. Nissan треба да се грижи за развојот на цврсти батерии за алијансата во следните шест години. Дотогаш, изборот на заеднички добавувачи треба да ги намали трошоците за батериите за сегашните и планираните електрични автомобили како што е R 5. Покрај тоа, сите три производители сакаат заеднички да го унапредат вмрежувањето на возилата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER