Renault Megane Conquest

Top News Вести

Нов освојувач

Заокружувањето на популарните спортско-корисни возила Renault ја прави со несекојдневниот Conquest

објавено 24 септември 2020

Атлетските линии кои се спојуваат со елеганција формираат дизајн карактеристичен за премим марките. Благодарение на Renault сега купеовски настроените спортско-корисни возила се достапни за помалку пари. Член на семејството Megane, Conquest ја заокружува палетата на компакни модели (Mégane, Kadjar и Scénic) а ќе биде аргумент во растечкиот пазар на ваков тип возила. Со просторен патнички и багажен простор Renault Megane Conquest е наменет за семејствата. Ќе биде опремен со два големи екрани додека за возачот е наменета најмодерната опременост за асистенција во возењето и конективност. Како што најавуваат од таборот на производителот за Conquest ќе биде наменета хибридна технологија предводена со Е-ТЕСН хибрид со сила од 140 коњи како и 1,3 литарските турбо-бензинци ТСе140 и ТСе160 со 12V микро хибриден погон. Технологијата на Е-ТЕСН хибриди е развиена од искуствата добиени од електричните возила и болидите од најбрзиот циркус на светот. Претставувањето на Renault Megane Conquest ќе се случи во првата половина на следната година.