Renault Megane » Има ли иднина за него?!

Top News Занимливости

Има ли иднина за него?!

Точно е дека кросоверите агресивно завладуваат со пазарот, но дали до толку да истиснат од него модел каков што е Renault Megane?

Објавено на 29 април 2020 година

Ако е вистина, некој треба да изврши харикири, ако не на јапонски тогаш барем на француски начин, каков и да е тој – најновите гласини од автомобилската индустрија велат дека Renault Megane е пред гасење и дека своето место ќе му го отстапи на некаков си кросовер, кој можеби би бил електричен. Тоа едноставно би значело капитулација пред сите предизвици, посебно ако се знае дека продажбата на овој модел барем во Европа во последниве години е повеќе или помалку стабилна и се движи меѓу 168 илјади во 2017-тата и 123 илјади две години пред тоа, со напомена дека лани се продадени 129 илјади. Врз основа на нив нема никаква економска оправданост европскиот пазар да остане без еден ваков модел. Тоа може да го стори Nissan кој своите продажни резултати ги остварува на глобално ниво во кои Европа е маргинализирана, но не и марка како Renault. Колку во сето ова е вмешана политиката, или поточно кажано капиталистичката економијата во која фигурира и Карлос Гон, не би сакале да претпоставуваме.

Математиката малку ја мешаат и електричните погонски склопови, така што е можно Megane да биде реинкарниран под друга ознака како електричен модел, но сепак крајниот заклучок е ист, без разлика што овој модел на Renault во 2014-тата само во Европа беше продаден во 466 илјади примероци.

 

клучни зборови: ,