На домашен терен групацијата Renault ќе се покаже во полн сјај
Идниот месец од 15 до 20 октомври ќе се одржи саемот за автомобили во Париз. Групацијата Renault ќе има пет штандови на кои ќе бидат прикажани седум светски премиери и два концепт автомобили.
Во центарот на вниманието ќе биде новиот Renault 4, кој ќе дебитира како уште едно електрично возило во сегментот B заедно со веќе претставениот Renault 5, модели на кои следната година ќе им се придружи електричниот Twingo. Марката, исто така, сака да обезбеди поглед на својата одржлива иднина и декарбонизација со концептно возило кое се уште го држи во тајност. Одделот за комерцијални возила Renault Pro+ е фокусиран на одржливоста. Покрај концептното возило кое ја наговестува следната генерација на комбе за испорака, ќе биде претставен и новиот прототип на Renault Master H2-Tech. Панел комбето со погон на водород е наменето да го надополни постоечкото портфолио на комби со електрични и мотори со согорување.
Dacia покрај неодамна освеженото портфолио на модели кое се состои од новите Duster, Spring, Sandero и Jogger, романската филијала ќе го изложи Bigster, новиот кросовер од сегментот „С“. За прв пат може да се види и конечниот тркачки изглед на прототипот на Dacia Sandrider, со кој марката ќе учествува на релито Дакар и на Светскиот шампионат за рели-Raid во 2025 година.
Спортската подружница Alpine покрај електричниот A290 ќе го изложи Alpenglow Hy6 со развиен во куќата шестцилиндричен водороден мотор. Mobilize ќе има двојна светска премиера на сериските модели на мини автомобилот Duo со две седишта и миниван Bento. Нивните компактни димензии и електричниот погон се дизајнирани за кратки растојанија и испораки во урбаните региони.